Subtitles Тајната книга

Преводи



Језик:


    
Тајната книга

Играниот филм „Тајната книга“ за богомилското движење во средниот век в сабота шест години по неговото снимање премиерно ќе биде прикажан во кино „Милениум“. Филмот е снимен според сценарио на Љубе Цветановски и Јордан Плевнеш, а во режија на Владо Цветановски.
Во него учествува актерска екипа со ѕвезди на македонскиот и светскиот филм: Тиери Фремон, Жан Клод Кариер, Лабина Митевска, Мето Јовановски, Кирил Ристовски, Владо Јовановски, Владимир Светиев, Ѓорѓи Јолевски, Петар Мирчевски, Александар Чамински, Петар Темелковски, Јоана Поповска... Директор на фотографија е познатиот француски камерман Тиери Арбогас, музиката е на Тоше Поп Симонов, а сценографијата е на Валентин Светозарев.
Филмот се базира на тајната книга, миситична книга која навистина постоела напишана од богомилите чии верувања биле пренесени од Балканот до Италија и Франција и поради кои пристигнале крстоносците во 11.век. Богомилите биле масакрирани од црквата, а нивните имиња речиси сосема се избришани од историјата. Тајната книга се смета за автентично дело на богомилската литература. Нејзиниот оригинал до денеска не е пронајден, а се зачувани само два преписа на латински јазик.
- Филмот е сниман на над 70 локации и процесот на снимање, како што рече режисерот Цветановски на денешната прес-конференција, бил долг и макотрпен. Еден од сценаристите Јордан Плевнеш рече дека во филмот се раскажани илјада години за сто минути. Филмот „Тајната книга“ беше прикажан на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола и на филмските фестивали во Сао Паоло и во Манхајм.

Послато: 03.12.2006 @ 22:18:12,  аутор:  gorazd65,  извор: Makedonija,  коментари:  0
Нема коментара.
Select a folder to view files inside it.
 
No registration is required for downloading subtitles.
Надимак:
Лозинка:
Пријави се

(Time: 0.0191149711609 | Queries: 4 | Server: drone03)